| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата порасна поради Сирија

NAFTA

Цената на нафтата денеска порасна поради подготвувањето на западните сили за евентуална воена акција во Сирија, чиј режим е обвинет за употреба на хемиско оружје.

Според аналитичарите воената акција против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад дополнително ќе ги зголеми тензиите на богатиот со нафта Блиски исток, кој веќе е погоден со политичката криза во Египет, пренесува Франс прес.

Цената за октомвриската испорака на Меркантилната берза во Њујорк порасна за 2,95 долари и сега изнесува 111,96 долари по барел, а истата количина на северноморската нафта “брент“ во Лондон чини 117,17 долари, односно 2,81 долар повеќе отколку што беше на крајот на последното тргување, пренесува Франс прес.

„Потенцијаната воена акција во Сирија е прашање на денови или седмици и тоа доведе до скок на цената на нафтата. Ризиците се уште постојат, во смисол на потенцијанел прекин на трговија и испорака во регионот“, рече главниот трговски стратен на сиднејската фирма CMC маркет, Мајкл Мекарти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top