| четврток, 6 декември 2018 |

Потера по гас маски во Израел

GasmaskaСтравот од одмазда како последица на меѓународна воена интервенција во Сирија, ги натера Израелците во набавка на гас маски. Според израелската поштенска служба, од почетокот на неделата имало четири пати повеќе барања за вакви маски од вообичаено.

Експертите велат дека е мала можноста дека ќе има одмазда на израелска територија, но премиерот Нетанјаху порача дека Израел насилно ќе одговори ако Дамаск ја нападне израелската територија.

Израел прв пат подели гас маски на своите жители во 1991 година, кога Ирак под владеење на Садам Хусеин испука 39 ракети како одмазда затоа што меѓународната коалиција предводена од САД, започнала воздушни напади на Ирак по иранската инвазија на Кувајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top