Штипјанката Деспина Царева е овогодинешната носителка на титулата Мис Бикини. Дваесет годишната новинарка победи на изборот што викендов се оддржа во казиното Хит во Дојран, во организација на агенцијата Кворум. Се бираше Мис Бикини на Балканот 2013, а учествуваа 12 девијку од повеќе држави на Балканот.

Прва придружничка е Душица Костиќ од Србија, а втора црногорката Тина Туровиќ.

Македонката Деспина со оваа победа доби право да ја претставува Македонија и целиот Балкан на изборот за Miss Bikini of the World 2013 што наредниот месец ќе се оддржи во Литванија. Таа е членка на модното студио Црнокрак, а неодамна на изборот на Мис на Македонија ја освои првата награда од публиката.

Деспина е девојката за која на социјалните мрежи се ширеа разни навреди и критики. Се објавија нејзините гафови од емисиите што ги прави на штиспка телевизија. Но, како што велат од нејзиното студио, со оваа победа уште еднаш ја докажа својата убавина наспроти негативните коментари на злонамерниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


