
По кратко боледување вчера почина долгогодишниот спортски (ракометен) работник Ефтим Џигероски, роден во 1947 година во Струга. Ефтим Џигероски со години бил тренер на сениорската екипа на Струга.
– Човекот кој на самите наши почетоци ни даде шанса да покажеме што знаеме и можеме и кој има посебни заслуги за развојот на една од најдобрите генерации во историјата на македонскиот ракометот на чело со Наумче Мојсовски, Горан Ѓоргоноски, Ацо Јоновски, Златко Мојсовски, Дарко Џутески, Горан Димитроски и други. Џигероски целиот свој живот го посвети во работа со млади категории за што ќе му бидеме вечно благодарни, информираат од РК Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


