Новиот плоштад пред црквата Рожденство на Пресвета Богородица во центарот на Скопје е готов. Утре, на големиот празник, Голема Богородица, ќе биде пуштен во употреба уредениот простор со трите фонтани. На нив се поставени трите бар- релјефи на кои се поставени скулптурите од бел мермер на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле. Работите на локацијата со површина од 3.200 квадратни метри почнаа пред една година, а „Бетон“ го ангажира инвеститорот – Општината Центар. Плоштадот е замислен како шеталиште со скулптури и со фонтани.
Црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, по бурни премрежиња и драмски заплети, со својот редок катедрален облик за поднебјето, и денес го обременува главниот град со мистериозна посебност. Скокотливиот мирис на темјан и на крстено вино, од некогашниот соборен храм, повторно препознатливо го опива развигорецот што патува дури од Шара за да ги разгали срцата на скопјани, кои веруваат во својата заштитничка Богородица.
Приказната за „Пресвета Богородица“ не е обична приказна. Се раскажува со децении.
Едно време бевме заробени во немилосрдните канџи на тишината на системот, но и тогаш сѐ беше јавна тајна. Сите обиди за изградба на каков било друг објект на земјиштето на кое денес се наоѓа црквата во минатото мистериозно завршуваа неуспешно. Сѐ уште има живи сведоци на необјасниви случки и настани, кои како повикани од молитвите на верниците ја спасувале светата земја и во крајно безнадежни ситуации – раскажуваат дел од редовните посетители на православниот верски храм во срцето на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


