| четврток, 6 декември 2018 |

Индиски и православни обичаи за бериќет на „Џумајлија“

џумајлија Со индиски и православни обичаи за бериќетна работа индиската компанија „Сахара груп“ официјално ја почна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра.

– Проектот на „Сахара груп“ за инвестирање во македонското земјоделство и посебно во производството на млеко од денес станува реалност. Тоа е најголемиот проект, најголемата инвестиција во македонското земјоделство во последните 25 години. Оваа инвестиција на „Сахара груп“ во Овчеполието ќе претставува прерод за регионите на Лозово, Свети Николе, на целото Овчеполие. Во најдобрите денови на агрокомбинатот „Џумајлија“ имаше околу 500 вработувања креирани во земјоделството. Очекуваме врз основа на договорот којшто го потпишавме во вкупно три години да бидат реализирани околу 2.000 директни вработувања, а секако ќе има индиректни ефекти, односно индиректни вработувања кои ќе ги донесе овој проект, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

џумајлија2Генералниот менаџер на „Сахара груп“, А. П. Сина, рече дека имаат капацитет да го реализираат проектот и да ги исполнат ветувањата дадени пред македонските граѓани и пред Владата.

Во следните три години е планирано „Сахара груп“ да изгради регионален преработувачки капацитет на млеко со фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20.000 грла говеда во која ќе се произведуваат 80.000 литри млеко дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top