| четврток, 6 декември 2018 |

Ајдуци му оддадоа чест на Бате Ване

Членовите на Планинарскиот клуб Ентузијаст од Струмица, а воедно и дел од навивачката група Ајдуци од врвот Тумба на Беласица му оддадоа почит на неодамна починатиот поранешен претседател на ФК Беласица, Ванчо Таковски

Овој гест беше направен на традиционалниот планинарски марш „Балкан без граници” кој се одржува во втората половина на месец август каде присуствуваа гости од другите градови на Македонија, како и од Бугарија.

 „Почивај во мир Бате Ване! Вистинските навивачи на ФК Беласица никогаш нема да те заборават”. 
Во периодот кога Ванчо Таковски беше претседател на Беласица, генерацијата на Горан Пандев, Аце Стојков, Горан и Роберт Попови, Зоран Балдовалиев, беа однесени на тогаш за нас непознатиот фудбалски турнир за млади таленти во Вијареџо, Италија, а потоа во Интер беа продадени Ацо Стојков и Горан Пандев.
Извор: Екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top