Рибарите велат дека денеска е забележан помор на риби во делот кај Искрин мост и подолу по должината на Бислимска клисура.
Помор има кај вливот на река Кумановка во Пчиња и тоа е најверојатно поради прекинот на електрична енергија кој се случил вчера и Прочистителната станица не работела неколку часа, раскажуваат тие.Водостојот е низок во реката и сметаме дека бидејќи Прочистителна станица била без струја од 17 до 20 часот и не работела, најверојатно од фекалиите кои отишле директно во реката дошло до помор. Поморот е видлив, кажаа наши рибари, повикана е рибочуварска служба – вели Бранислав Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.
Од ЕВН Македонија потврдуваат дека прекин во снабдувањето со електрична енергија имало вчера во наведениот термин.Поради дефект на СН кабли на СН извод Тоде Думба, и потребата за секционирање на дефектното парче кабел вчера во периодот од 17.00 до 20.00 часот без напојување (или со повремени прекини во напојувањето) беа потрошувачите од: Доброшане, Зелен Рид и Бабин Дол во Куманово 0 рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
И пред петнаесетина дена рибарите преку медиумите укажаа дека водата во Пчиња е матна и има помор на риби. Тие апелираа до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад во водите на Пчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


