Уште пет дена ќе трае забраната за тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје во периодот од 10 до 20 часот. На патните правци Гостивар – Охрид, Охрид – Ресен и Охрид – Свети Наум од 1 јули има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето трае до први септември и тоа во петоците од 15 до 24 часот и за викендот од 7 до 24 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември.
На возачите им се препорачува внимателно возење на делницата Миладиновци – Куманово во двата правци поради тоа што има работници кои вршат геодетско снимање на споменатиот патен правец.
Според информација од Министерството за транспорт и врски, АМСМ информира дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта од први јули до 31 август секоја тековна година. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната за деновите од викендот е во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот и во недела од 9 до 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставeнa e соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви и чисти коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата на македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


