Во Куќата на Уранија, која ја користат академиците за работа во летниот период откако беше реновирана, од 24 јуни се одржува научна и уметничка визита во организација на Научниот центар „Уранија“ и Македонската академија на науките и уметностите .Денеска се говореше за минералите во Македонија, по повод книгата „Минералите од Република Македонија“ од авторите академик Глигор Јовановски, проф. д-р Блажо Боев и проф. д-р Петре Макрески.
Според Старделов, делото на тројцата автори е резултат на теренски и теоретски истражувања извршени во текот на 25 години.
– Импресиониран сум од книгата и научните трудови на тројцатата автори кои создаваат впечаток дека станува збор за книга која претставува своевидна синтеза на науката и уметноста и се наметнува како исклучително уникатно дело – нагласи академик Старделов.
„Минералите од Република Македонија“ содржи интересни податоци за минерали откриени на повеќе од 60 места во Македонија, кои се претставени на над 700 фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книга и изложба „Акварели“ од академик Васко Ташковски во куќата на Уранија во Охрид
-
Почина сопственикот на „Уранија“ – еден од најпознатите скопски ресторани
-
Главоболка, грчеви, кршливи нокти: Ви недостасуваат овие минерали!
-
Уморни сте и цело време ви се спие? Ви недостига овој клучен минерал, кој мора да го надополните