Дали сте константно уморни? Дали имате проблеми со спиењето? Или се борите да пронајдете енергија за вежбање? Ако заморот е секојдневие во вашиот живот и ако вообичаениот тренинг ви станува сериозно тешка работа, тогаш ви недостига овој клучен минерал.
Еден од најважните минерали е железото и тоа е од суштинска важност за енергијата бидејќи е камен-темелник за црвените крвни зрнца што го транспортираат кислородот низ телото – што објаснува зошто чувствувате константен умор.
Ако сте бледи, тоа е уште еден знак дека имате недостиг од железо, потоа чувствувате дека губите здив, поточно дека ви е краток и дека срцето ви „лупа“.
Но, постојат уште многу начини што покажуваат дека вашето тело ве предупредува на недостиг од железо.
Другите симптоми се главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, губење на косата, студени раце и нозе, се мачите при голтањето, чувствувате чешање, имате нарушен сон, недостатиг од апетит, болка во стомакот…
Истражувањата покажале дека во ризичната група се зависниците од сали и од вежбање.
Студијата покажала дека една од три испитани жени, кои се спортистки, имаат намалено железо, па најчеста болест кај нив е клиничка анемија.
„Оваа студија е фокусирана на врвни спортисти, а со истражувањето дојдовме до заклучок дека врз хроничниот недостаток на железо влијае преголемата желба за вежбање“, изјавила за „Дејли меил“ нутриционистката Кери Руктон, и додала дека недостатигот од железо го ограничува транспортот на кислород во телото и може да влијае врз менталното и физичкото здравје.
Црвеното месо е еден од најбогатите и најкорисни извори на железо, па тоа ќе ви обезбеди многу повеќе железо отколку пилешко или брокулата.
„Железото е од суштинска важност за енергијата. Еден од најлесните начини да се зголеми издржливоста е да се зголеми внесувањето на црвено месо и тоа 70 грама дневно“, вели доктор Руктон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.