Бензините, дизелот и екстра- лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Комисијата, еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.
Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и еден килограм од тој енергент ќе се продава за 41,603 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во согласност со методологијата за формирање на цените, во просек е за 1,23 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.