
Пожарот кој вчера избувна над Кичево повеќе не се шири, но се уште не е ставен под контрола, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување за Република.
До сега двата армиски хеликотери и авионот на дирекцијата за заштита и спасување извршиле триесетина прелети што спречило огнот да зафати уште поголема површина.
– Според првичните податоци горат 30 хектари борова шума. Авионот и двата армиски хеликоптери дејствуваат од утрово од 7.30 часот. Во текот на денот успеавме да спречиле ширење на огнот, но не и да го локализираме. Канадерот и хеликоптерите ќе продолжат да летаат до вечер, додека дозволуваат условите и се надеваме дека до тогаш ќе успееме да го ставиме под контрола огнот, вели за Република Љупчо Петревски од Дирекција за штита и спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


