| четврток, 6 декември 2018 |

Воинствениот градоначалник на Струга како миротворец во Октиси

zijadin selaСе смирува ситуацијата во струшкото село Октиси откако утринава на повик на локалниот Оџа граѓани од ова населено место го блокирале патот по кој требаше да поминат ктиторите и верниците од православна вероисповест кои сакаа да стават камен- темелник на Црква.

По двочасовна вернбална расправија меѓу двете групи кои беа одделени со полициски кордон во селото пристигна градоначалникот на Струга Зијадин Села кој започна неформални преговори меѓу двете групи.

Во моментов Села заедно со претставници на црковниот одбор и жителите на Октиси разговараат како да се надмине проблемот за да може согласно законите да продолжи изградбата на новата црква во Октиси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top