Се смирува ситуацијата во струшкото село Октиси откако утринава на повик на локалниот Оџа граѓани од ова населено место го блокирале патот по кој требаше да поминат ктиторите и верниците од православна вероисповест кои сакаа да стават камен- темелник на Црква.
По двочасовна вернбална расправија меѓу двете групи кои беа одделени со полициски кордон во селото пристигна градоначалникот на Струга Зијадин Села кој започна неформални преговори меѓу двете групи.
Во моментов Села заедно со претставници на црковниот одбор и жителите на Октиси разговараат како да се надмине проблемот за да може согласно законите да продолжи изградбата на новата црква во Октиси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина
-
Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите


