| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Штркот носи 700 куни

strkСекое хрватско семејство која на кров ќе има гнездо бели штркови, од државна каса ќе добива по 700 куни, односно околу 93 евра, објави весникот „Јутарњи лист“.
Четиригодишниот проект за заштита на белите штркови, за што се обезбедени 350.000 куни. Тоа значи дека ќе има пари за околу 500 гнезда. Парите ќе се исплаќаат на сопственици на имоти, каде имаат гнезда штрковите, за да не ги уништуваат и да се грижат за нив.
Засега согласност за учество во проектот дале 11 од вкупно 20 области во земјата.
Во Хрватска има околу 1.300 гнезда на бели штркови, но нивниот број постојано се намалува поради урбанизацијата и загадувањето на животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top