Боцвана ја размрда економијата откако по неколкудецениското копање, ги продава дијамантите. Габороне, престолнината на Боцвана станува редовна дестинација за трговците со дијаманти, јавува БиБиСи. Се очекува дека трговијата со дијаманти наскоро ќе достигне шест милијарди долари, што ќе ги привлече трговците од цел свет.
Во градот никнуваат скапи станови и хотели, а компаниите во дијамансткиот бизнис градат фабрики во очекување глобалниот гигант во областа на експлоатацијата, обработката и дистрибуција на дијаманти Де Бирс да го премести бизнисот од Лондон во Боцвана.
Но, Боцвана, оценува БиБиСи не е подготвена за тоа, нема директни летови до Европа и САД. Рестрикции со струја, ограничување на ноќните забави и живот, малку објекти што нудат забава и рекреација, се само дел од проблемите. Владата на Боцвана е сигурна дека сето тоа наскоро ќе се реши. Крајна цел е од дијамантите да има корист целата држава, не само да се ископува и продава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


