Доживотна казна за полковникот во американската војска, Роберт Бејлс, кој масакрираше 16 авганистански цивили во март минатата година. Неговата пресуда е донесена синоќа, а Бејлс казната ќе ја отслужи во затвор во САД.
Бејлс претходно пред судот призна дека го извршил масовното убиство на цивилите во провинцијата Кандахар, со што ја избегна смртната казна што ја бараше Обвинителството. Тој во провинцијата Кандахар, застрела 22 лица, 17 жени и деца. Од здобиените повреди починале 16 од нив. По крвопролевањето Бејлс ги запалил телата на жртвите.
40 – годишниот војник никогаш не даде објаснување зошто го извршил убиството, но се извини за извршеното злосторство, опишувајќи го како кукавички чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


