Сексорцизам! Кинезот Хуанг Џианџун, кој тврди дека неговиот пенис може да ги истера злите духови од жените, е уапсен. Самопрогласениот истерувач на ѓаволи е обвинет дека присилувал млади девојки да му плаќаат за секс за да наводно го истера ѓаволот од нив со својот полов орган.
Според пишувањата во кинеските медиуми, Џианџун бил уапсен откако го пријавила една од наивните жртви. Имено, таа отишла кај истерувачот на духови кој ја примил во една хотелска соба и и наредил да се соблече за да ја „прегледа“.
Откако таа ја соблекла облеката и легнала на креветот, Џианџун ја „прегледал“ и утврдил дека „нејзината вагина е полна со проблеми кои ги предизвикале злите духови“.
-„Ми рече дека тие проблеми ќе ги решел со својот пенис и дека ако сакам да се излечам морам да имам секс со него“, вели неименуваната девојка која го пријавила Џианџун во полицијата.
Џианџун е моментално во притвор каде наскоро го чека судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


