| четврток, 6 декември 2018 |

Почна првиот машки турнир во ракомет на плажа во Скопје

Во петокот навечер на Градската плажа „Парк“ на мултифункционалното игралиште на песок почна тридневниот турнир во ракомет на плажа во машка конкуренција, кој за првпат се одржува во Скопје.

-Ми претставува особена чест што вечерва сум тука за да го прогласам за отворен првиот Машки турнир во ракомет на Плажа. Овој турнир е под покровителство на Град Скопје, а во организација на Ракометниот клуб ‘Работнички’, кој на 23-ти септември годинава ќе прослави 65 години од своето постоење, затоа би сакал да ја искористам оваа прилика и на членовите и раководството на овој наш реномиран ракометен клуб да му го честитам јубилејот. Овој турнир годинава се одржува прв пат, со цел промоција на овој специфичен спорт, но искрено се надевам дека идната година овој турнир ќе го доживее своето Меѓународно издание. Би сакал да ги поканам граѓаните на Скопје, овие неколку вечери да дојдат на Градската плажа Парк и да уживаат во овој промотивен турнир на еден нов спорт, каков што е ракометот на песок”, истакна градоначалникот Трајановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top