| четврток, 6 декември 2018 |

Осум компании ќе инвестираат во Македонија

Во земјава ќе инвестрираат осум компании од автомобилската индустрија најавува Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо и додава дека тие веќе добиле локации за работа. Во интервју за порталот Курир, Мизо вели дека во услови на економска криза, кога пазарот на автомобилската индустрија во Европа трпи многу негативни влијанија, Македонија останува конкурентна и привлекува инвестиции.

-Она што ние го нудиме, не само што е поконкурентно од локации во Западна Европа, туку многу повеќе од тоа, стануваме поконкурентни од земјите во Централноисточна Европа, вели Мизо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top