Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе дебитира во своето прво големо покер натпреварување, кое во декември ќе се одржи во Прага. „Матадорот“ има спонзорски договор со команијата „Покерстарс“, а досега бил дел само од „он-лајн“ турнири, па во Прага ќе игра на својот прв голем ваков настан.
Фестивалот на покерот ќе биде орджан во чешката престолнина од 8-ми до 18-ти декември, а главниот турнир ќе биде од 12-ти до 18-ти август, во рамките на Европската покер турнеја.
Организаторите на турнирот се уште не соопштиле дали 12-кратниот грен-слем шампион ќе се натпреварува во главниот дел од конкуренцијата или во некој помал сегмент, кој ќе биде на маргините на фестивалот.
Покер-тренерот на Шпанецот, Алфонсо Кардалда, изјави дека вториот светски рекет добро напредува и во оваа „дисциплина“.
„Кога почнуваше да игра покер имаше основни познавања, меѓутоа неговиот ум му овозможува бргу да напредува“, вели Кардалда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.