| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Скопје

Пред повеќе од половина час на улицата Антон Попов (поранешна Огњан Прица) во Кисела вода се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа комбе марка мерцедес и патнички автомобил марка БМВ, објави „Сител“.

Сообраќајката се случила спроти Основното училиште Кузман Јосифовски – Питу, а до истата, според поставеноста на возилата дошло кога, возилото БМВ се обидело да сврти лево по улицата, а комбето се забило директно во десната врата на возилото.
Според информациите, нема повредени во сообраќајната несреќа, а причинета е поголема материјална штета. Полицијата е на терен и врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top