Тинејџерката од Ирска на интернет позната како “slane girl” тврди дека пред концертот нешто и ставиле во пијачката. Таа беше снимена како орално задоволува момче пред 6 000 луѓе на концерот на Еминем. Поради ова тврдење полицијата испрати примерок од крвта на 17 годишната девојка на анализи. Таа е во болница со тешко психичко растројство откако снимката осамна на социјалните мрежи.
Девојката изјавила дека момчињата пред концертот „и ставиле нешто во пијачката“ Освен што се проверува дали навистина била дрогирана, полицијата ги бара и оние кои ја поставиле снимката на социјалните мрежи, а наместо”slane girl” – име под кое одеше снимката, сега се појави нова ознака на интернет #slanegirlsolidarity – под која се собраа сите што сакаат да и помогнат на посрамената девојка.
Линди Мекдауел, новинарка од Белфаст Телеграф изјави дека ова е време во кое девојчињата се прерано сексуализирани а не можат да го поднесат притисокот кој е над нивното искуство. Се фотографира се и се дава на увид на целиот свет без да се помисли колкава штета тоа може да нанесе на поединците – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


