| четврток, 6 декември 2018 |

За Перо Антиќ дрес со број 6 во Атланта хоукс

Перо Антиќ е со репрезентацијата на Македонија во Словенија на завршните подготовки пред стартот на ЕП, а во меѓувреме си одбра и бројка на дресот за новата авантура во НБА. Во Атланта хоукс како прв македонски кошаркар во најсилната баскет-лига на планетата ќе игра со дресот со број 6. Се шпекулираше дека Перо ќе ја одбере единицата, но на официјалниот сајт на Хоукс е објавено дека 31-годишниот македонски кошаркар ќе игра за „јастребите“ со шестката на грбот. Почетокот е против шампионот Мајами во предсезоната и тоа во „Американ Ерлајнс“арена во Мајами на 7 октомври, а потоа следат и гостувања на Шарлот и на Њу Орлеанс. Првиот меч пред публиката во Атланта, Антиќ ќе го има на 17 октомври (18 ноќта во 1 часот по македонско време), против Тим Данкан, Тони Паркер и дружината од Сан Антонио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top