Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, пред вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“ најави дека лично тој и Oпштина Струга оваа година ќе го бојкотираат фестивалот, информира „А1он“.
Како причина ја наведе неупотребата на албанскиот јазик на отворањето на фестивалот.
Според Села, образложението на организаторот било дека свеченото отворање ќе се емитува на првата програма на националниот серис МТВ.
Села се закани доколку наредната година фестивалот не го почитува Законот за употреба на јазиците, тогаш нема да дозволат фестивалот воопшто и да се одржи во Струга.
Оваа година нема да има претставници на Oпштината и целосно ќе биде бојкотиран фестивалот. Села бара читањето на говорите да биде двојазично, на албански и на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.