ФБИ се пофали дека со серијата акции против најистакнатите „хактивисти“ и апсењето на неколку хакери успеале да го неутрализираат движењето „Анонимус“. Лидерите на Бирото задолжени за кибер криминал веруваат дека со апсењето на петмината членови на групата „Лилзсек“ било доволно движењето значително да ослабне.
– Тие момци беа големи играчи во движењето Анономус и голем број се угледаа на нив, особено поради тоа што се успеаа да постигнат, истакнува Остон Берглас, специјален агент на ФБИ.
Движењето се уште е тука, се уште пишуваат на Твитер, но не излегуваат во јавност со такви големи работи. Тоа едноставно веќе не се случува, а тоа е поради фактот што успеавме да им ги „отстраниме“ најголемите играчи, нагласува Берглас во интервју за „Хафингтон пост“.
„Лилзсек“ беа одговорни за некои од најголемите хакерски напади во изминатите неколку години, меѓу кои упадот во системите на „Сони“ и телевизиската мрежа „Фокс“, како и за краткото соборување на сајтот на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет