Тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле брачна двојка во нивниот дом во Кисела Вода.
Рано утринава (околу 3.45 часот) тројца разбојници преку балконот влегле во куќата на брачната двојка 50-годишниот А.Т. и 46-годишната Н.Т. на улицата Рилски конгрес во Кисела Вода, соопшти МВР.
Разбојниците ги нападнале, го удриле А.Т. со кундак од пиштол по глава, а потоа ги заклучиле во тоалетот.
Откако се ослободиле од нив, го пребарале нивниот дом и украле поголема количина злато и пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.