Битолското село Лисолај е под огнена опсада откако пожарот што пред три дена избувна кај Црнобуки се прошири и проголта над 100 хекатри нискостеблеста шума, објави „Дневник“.
Од битолската противпожарната единица соопштија дека постои опасност огнот да го зафати селото, па на терен интервенираат над 50 пожарникари, лица вработени од шумското претпијатие и други доброволци. Во селото има 150 жители, а пожарот кај нив внесе паника.
– Ова е најголемиот пожар во битолскиот регион за ова лето. Има критично место, па бараме да се вклучат и ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување со цел огнот да се изгасне што побрзо. Досега изгоре голема површина, народски кажано колку четири рида, но нискостеблеста шума – изјави Костадин Поповски, командир на битолската противпожарна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.