| четврток, 6 декември 2018 |

Говорите јасни, одговорите бледи

Ilinden-7-2013Ако се на­о­ѓа­те во гру­па­та на сред­но­ин­фор­ми­ра­ни лу­ѓе, кои чи­та­ат кра­тки ве­сти на сво­и­те оми­ле­ни пор­та­ли или се ин­фор­ми­ра­те од цен­трал­ни­те днев­ни­ци на те­ле­ви­зи­и­те, нај­ве­ро­јат­но, не­ма­те од­го­вор ко­ја бе­ше глав­на­та по­ра­ка ис­пра­те­на од др­жав­ни­те прет­став­ни­ци на праз­ни­кот Илин­ден. Да­ли е тоа нај­а­ва­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја е под­го­тве­на за ком­про­мис во пре­го­во­ри­те за име­то, но са­мо до­кол­ку не по­стои ни­ка­ква шан­са да го за­гро­зи на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет, или, мо­же­би, де­ка нѐ оче­ку­ва пер­и­од во кој до­кол­ку има се­ри­оз­ни при­ти­со­ци кон Ма­ке­до­ни­ја од странс­тво и во зем­ја­ва, Вла­да­та е под­го­тве­на за но­ви из­бо­ри на кои по­втор­но ќе ја дек­ла­си­ра опо­зи­ци­ја­та. До­кол­ку во­оп­што мо­жат да се тол­ку­ва­ат ва­ка по­ра­ки­те во го­во­ри­те на Гру­ев­ски, Ива­нов и на Ве­ља­нов­ски во кои има­ше и по­ра­ки што тре­ба да се чи­та­ат ме­ѓу ре­до­ви.

За го­во­рот на пре­ми­е­рот, по­крај опо­зи­ци­ја­та, ре­а­ги­ра­ше и та­зе лу­стри­ра­ни­от Бо­жин Пав­лов­ски , кој освен што рас­ка­жа пи­кан­те­рии од од­но­сот со пре­ми­е­рот од пред се­дум го­ди­ни и не­што, по­тоа не вле­зе во ана­ли­за на по­ра­ки­те на Гру­ев­ски. Оби­чен чи­та­тел це­лос­но ќе се за­гу­би во на­уч­но-фан­та­стич­ни­те але­го­рии на Пав­лов­ски, кој во од­ли­чен стил, со ви­со­ка есте­ти­ка, го пре­ве­ду­ва го­во­рот од Кру­ше­во, но не ну­ди ар­гу­мен­ти зо­што збо­ро­ви­те и ре­че­ни­ци­те на кри­ти­ку­ва­ни­от не би­ле со­од­вет­ни за нај­го­ле­ми­от др­жа­вен и на­ци­о­на­лен праз­ник.

А Пав­лов­ски и си­те дру­ги имаа од­ли­чен ма­те­ри­јал за де­ба­та. Да­ли пи­са­те­лот и из­да­вач  про­це­ни де­ка ќе ја за­гу­би де­ба­та­та, па из­бег­на да ги ко­мен­ти­ра те­зи­те на Гру­ев­ски или се ра­бо­ти за дру­га при­чи­на, знае са­мо тој. Пре­ми­е­рот од Кру­ше­во ис­пра­ти не­кол­ку сил­ни по­ра­ки, кои зас­лу­жи­ја по­се­ри­оз­на ела­бо­ра­ци­ја, осо­бе­но од опо­зи­ци­ја­та. Без раз­ли­ка да­ли таа ќе се сог­ла­се­ше со не­го или не, по­ра­ки­те мо­раа да би­дат јав­но и пре­циз­но ана­ли­зи­ра­ни. Та­ка ќе зна­ев­ме да­ли СДСМ се сог­ла­су­ва со но­ви­от фор­мат за пре­го­во­ри со јуж­ни­от со­сед што го пред­ла­га пре­ми­е­рот, а ва­ка са­мо ви­дов­ме обид за од­бра­на од на­па­ди­те на пре­ми­е­рот про­тив опо­зи­ци­ја­та , не­што што е мно­гу­па­ти ви­де­но и кај две­те стра­ни. Единс­тве­на­та со­од­вет­на ре­ак­ци­ја, иа­ко и таа е без го­ле­ма упо­треб­на вред­ност, дој­де пре­ку струч­ња­ци­те, кои на сво­ја ра­ка беа кон­сул­ти­ра­ни од ме­ди­у­ми­те, а кои твр­дат де­ка ОН не се тие што го утвр­ду­ва­ат фор­ма­тот на пре­го­во­ри­те.  Тоа бе­ше шан­са за опо­зи­ци­ја­та да пред­ло­жи уште не­што, не­кој нов ме­тод или ме­ха­ни­зам, кој мо­же да би­де од ко­рист за це­ла­та ма­ке­дон­ска­та стра­на. Но, тоа не се слу­чи, по­втор­но не слуш­нав­ме ни­што освен праз­ни кри­ти­ки без су­ге­стии и ре­ше­ни­ја.

Гру­ев­ски во сво­јот не­во­о­би­ча­е­но остар го­вор во кој ис­пра­ти сил­ни по­ра­ки и до опо­зи­ци­ја­та и до гра­ѓа­ни­те и до ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца јас­но по­ра­ча де­ка не се отка­жу­ва од пред­ви­де­но­то и по­крај, по­не­ко­гаш, сил­ни­те ре­ак­ции и пре­тр­пе­ни кри­ти­ки.

Осо­бе­но бе­ше остра по­ра­ка­та до стран­ски­те парт­не­ри од кои по­ба­ра да вли­ја­ат на Гр­ци­ја да пре­го­ва­ра или да ги пре­ки­не кри­ти­ки­те со­др­жа­ни во раз­лич­ни из­ве­штаи, кои има­ат за цел  да го на­ма­лат реј­тин­гот на нај­го­ле­ма­та пар­ти­ја. При­тоа, ме­ѓу ре­до­ви и на стран­ци­те, но и на до­маш­ни­те фа­кто­ри, ка­ко да им по­ра­ча де­ка ако не пре­ки­нат со не­ос­но­ва­ни­те кри­ти­ки, тој има ле­ги­тим­но пра­во си­те те­ми за кои го об­ви­ну­ва­ат да ги пре­ис­пи­та на единс­тве­ни­от ле­ги­ти­мен на­чин, пред­вре­ме­ни из­бо­ри. Мо­же­би авто­ри­те на овие ре­до­ви гре­шат во сво­и­те ана­ли­зи, но не е иск­лу­че­но де­ка оваа по­ра­ка бе­ше сфа­те­на и на Би­ха­ќка и кај си­те стран­ци и за­тоа изо­ста­на ја­сен од­го­вор на фр­ле­на­та ра­ка­ви­ца од Гру­ев­ски.

Ду­ри беа бле­ди и од­го­во­ри­те за тоа да­ли лу­стра­ци­ја­та би­ла про­тив АС­НОМ или за не­го. Без ви­стин­ски кон­тра­ста­во­ви што мо­жат да ани­ми­ра­ат цел­на гру­па ка­ква што е, на при­мер, ар­ми­ја­та пен­зи­о­не­ри за ко­ја сѐ уште со пра­во или не се ве­ру­ва де­ка, по­ве­ќе од дру­ги­те ка­те­го­рии во оп­штес­тво­то, е емо­тив­но при­вр­за­на со НОБ и со пар­ти­зан­ска­та епо­пе­ја.

Слич­но е и со дру­ги­те кри­ти­ча­ри по­крај Бо­жин Пав­лов­ски. Ако од за­ма­е­ни­от СДСМ, по­крај бле­да­та кри­ти­ка во фор­ма на со­оп­ште­ние за јав­ност и не оче­ку­вав­ме не­ко­ја пре­циз­на и ефект­на ре­ак­ци­ја, то­гаш таа мо­ра­ше да дој­де од дру­ги­те врв­ни ин­те­ле­кту­ал­ци бли­ски на опо­зи­ци­ја­та. На ден по Илин­ден единс­тве­на­та по­се­ри­оз­на ре­ак­ци­ја дој­де од кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел на СДСМ на пос­лед­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, про­фе­со­рот Фрч­ко­ски. Но, и тој, пр­во из­бег­на да го ко­мен­ти­ра го­во­рот на Гру­ев­ски, кој бе­ше цен­тра­лен го­вор­нич­ки  на­стан во овој илин­ден­ски тур­нус,  а по­тоа ме­сто да де­ба­ти­ра со го­во­рот на про­ти­вкан­ди­да­тот од кој за­гу­би во 1999 го­ди­на, ана­ли­зи­ра­ше не­го­ви ста­ри из­ја­ви. Ре­чи­си си­гур­но е де­ка Фрч­ков­ски не бил по­го­ден од емо­тив­ни­от го­вор на пре­тсе­да­те­лот, кој во оваа при­го­да ре­ши по­ве­ќе да го­во­ри за ира­ци­о­нал­ни ка­те­го­рии откол­ку за пра­во и за прав­ни ме­ха­низ­ми, кои че­сто ги ко­ри­сти во сво­и­те обра­ќа­ња.

Ilinden-8-2013

Што по­ра­ча Гру­ев­ски на Илин­ден

„Со цел за­бр­зу­ва­ње на про­це­сот на раз­го­во­ри и апел за по­го­лем фо­кус кон ова пра­ша­ње на си­те за­сег­на­ти стра­ни, раз­мис­лу­вам да се обра­там до Ор­га­ни­за­ци­ја­та на обе­ди­не­ти­те на­ции со став за про­ме­на на фор­ма­тот на раз­го­во­ри­те, со што би се сле­дел при­ме­рот и на Ср­би­ја и Ко­со­во, во кои раз­го­во­ри, по­крај по­сред­ни­кот, би учес­тву­ва­ле си­те ние ди­рект­но, со свои ти­мо­ви и со струч­ња­ци од на­ша­та зем­ја. И се­га сум убе­ден де­ка ако пред пет или шест го­ди­ни не­кој на све­тов има­ше ре­зер­ва или скеп­са за на­ши­те убе­ду­ва­ња де­ка на­ши­от со­сед не­ма еле­мен­та­рен ин­те­рес ни­ту вол­ја да раз­го­ва­ра, а ка­мо­ли да го ре­ши спо­рот, овој пат на си­те им е јас­но тоа. Ако не­ко­му не му е, јас го по­ви­ку­вам да го на­те­ра на­ши­от со­сед да сед­не и да раз­го­ва­ра со нас на ре­ал­ни раз­го­во­ри со до­бра вол­ја, во при­сус­тво на по­сред­ни­кот и на ко­го са­ка од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, и да се уве­ри во ова ко­га ќе до­бие не­га­ти­вен од­го­вор од дру­га­та стра­на“.

„’Скоп­је 2014‘, про­ект за кој тр­пев­ме мно­гу на­па­ди од стру­кту­ри во оп­штес­тво­то, кои по­ра­ди го­ла по­ли­тич­ка про­мо­ци­ја си доз­во­ли­ја да сквер­на­ват та­му ка­де што не тре­ба, се по­ка­жа де­ка бил ис­пра­вен. Јас че­сто ка­жу­вам де­ка еден ден, ко­га со по­ми­ну­ва­ње­то на одре­де­но вре­ме ќе дој­де до спу­шта­ње на по­ли­тич­ки­от прав што се ја­ви око­лу овој про­ект, тој ќе би­де ви­стин­ски оце­нет и вред­ну­ван, и тоа се слу­чу­ва“.
„Лу­стра­ци­ја­та не е про­тив ас­ном­ска Ма­ке­до­ни­ја, лу­стра­ци­ја­та е нај­го­лем со­јуз­ник на ас­ном­ска Ма­ке­до­ни­ја и си­гу­рен сум де­ка ко­га би мо­же­ле, де­нес би ја поз­дра­ви­ле си­те тие што учес­тву­ваа во АС­НОМ во 1944 го­ди­на. Има­ме об­вр­ска да ги освет­ли­ме тие мо­мен­ти ко­га си­сте­мот се по­вам­пи­рил и ста­нал же­сток ре­жим што ги ја­дел сво­и­те де­ца и ток­му тој ре­жим ги де­за­ву­и­рал вред­но­сти­те на ас­ном­ска Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му ние ги за­шти­ту­ва­ме тие вред­но­сти. Со лу­стра­ци­ја­та се до­ка­жу­ва де­ка има­ме си­ла и раз­ви­е­но оп­штес­тво и не се сра­ми­ме да ги истра­жи­ме тие тем­ни аг­ли на ми­на­то­то. Тој про­цес е бо­лен, но ние ќе го до­вр­ши­ме. Ако мо­жат си­те источ­ни др­жа­ви да ја на­пра­ват, зо­што Ма­ке­до­ни­ја да не мо­же. Ние ќе ја до­вр­ши­ме лу­стра­ци­ја­та. И по­тоа таа ќе из­ле­зе по­е­динс­тве­на и по­сил­на“.

den na arm - ivanov  w

Пре­тсе­да­те­лот Ива­нов на Пе­лин­це

„Од нас се ба­ра да се отка­же­ме од исто­ри­ја­та ка­ко да ста­ну­ва збор за не­ко­ја кни­га што са­мо ја зај­ми­ме и ја вра­ќа­ме во биб­ли­о­те­ка­та на­ре­че­на ко­ле­ктив­на ме­мо­ри­ја. Но, исто­ри­ја­та не е при­ват­на сопс­тве­ност на са­мо еден на­род или ед­на др­жа­ва. Исто­ри­ја­та не е са­мо тоа што е за­пи­ша­но во кни­га. Таа е си­от про­жи­ве­ан жи­вот на ге­не­ра­ци­и­те пред нас. Исто­ри­ја­та е за­ед­нич­ка, таа е дел од нас, дел од тоа што сме би­ле, што сме и што ќе би­де­ме. Ка­ко и свет­ли­на­та, та­ка и исто­ри­ја­та е збир од спе­кта­рот на се­то тоа што им се слу­чи­ло на си­те на­ро­ди. Ние сме дел од тој спе­ктар, не­за­вис­но да­ли не­кој го приз­на­ва тоа или не.

Европ­ска­та уни­ја е из­гра­де­на врз сфа­ќа­ње­то на го­ле­ма­та ви­сти­на де­ка не­за­вис­но од прет­ста­ви­те, исто­ри­ја­та е ед­на и не­де­ли­ва – таа е за­ед­нич­ка и им при­па­ѓа на си­те европ­ски на­ро­ди. За­тоа по­ви­ку­вам на европ­ски при­стап кон исто­ри­ја­та.

Свес­ни сме де­ка овие ап­сурд­ни ба­ра­ња ни стиг­ну­ва­ат од не­кои зем­ји-член­ки на Европ­ска­та уни­ја. Но, не сме­е­ме да за­бо­ра­ви­ме де­ка Европ­ска­та уни­ја сè уште не е Евро­па, ни­ту, пак, Евро­па е са­мо Европ­ска­та уни­ја. Со членс­тво­то на Ма­ке­до­ни­ја во Европ­ска­та уни­ја, Уни­ја­та ќе се доб­ли­жи до Евро­па.

 

Ка­ко е во све­тот?

Во мно­гу зем­ји тра­ди­ци­ја­та ве­ли де­ка ед­наш во го­ди­на­та ше­фот на др­жа­ва­та и на вла­да­та пред јав­но­ста ги пре­зен­ти­ра­ат глав­ни­те по­ен­ти од нив­на­та по­ли­ти­ка, по што во­о­би­ча­е­на е де­ба­та за тоа што го ка­жа­ле. Го­во­ри­те по­тоа, на не­кој на­чин, ста­ну­ва­ат фор­мал­на аген­да, ко­ја до­кол­ку не се спро­ве­де или не се на­пра­ват на­по­ри за спро­ве­ду­ва­ње ста­ну­ва­ат ле­ги­тим­на цел на кри­ти­ка од опо­зи­ци­ја­та или за­гро­зе­ни­те гра­ѓа­ни. Го­во­рот на грч­ки­от пре­ми­ер на ме­ѓу­на­род­ни­от са­ем што се­ко­ја го­ди­на се одр­жу­ва во Со­лун во сеп­тем­ври е ме­сто­то ка­де што се гле­да ка­ква по­ли­ти­ка ќе во­ди ше­фот на грч­ка­та вла­да­та на­ред­на­та го­ди­на, без раз­ли­ка да­ли на власт е ПА­СОК или Неа де­мо­кра­ти­ја. Ако се су­ди спо­ред пос­лед­ни­от го­вор на Са­ма­рас, Гр­ци­ја не­ма да от­ста­пи ни­ту пе­да од сво­ја­та твр­да на­ци­о­на­ли­стич­ка по­ли­ти­ка во од­нос на име­то. По оваа ана­ло­ги­ја, ако Илин­ден го сме­та­ме за ме­сто од ка­де што Ма­ке­до­ни­ја ги ис­пра­ќа сво­и­те по­ра­ки нај­мал­ку за ед­на го­ди­на (а, ве­ро­јат­но, сѐ до­де­ка вла­дее ВМРО-ДПМНЕ), зна­чи таа не­ма да би­де рас­по­ло­же­на во­оп­што да про­го­во­ри за те­ми по­вр­за­ни со иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња. Во САД, на при­мер, и по­крај го­во­ри­те што Оба­ма ги др­жи на 4 Ју­ли и на ве­че­ра­та со из­ве­сту­ва­чи­те од Бе­ла­та ку­ќа, за цен­трал­но обра­ќа­ње се сме­та Го­во­рот за со­стој­ба­та на Уни­ја­та (State of the Union) пред Кон­гре­сот во кое ги ка­жу­ва глав­ни­те по­ен­ти во аме­ри­кан­ска­та по­ли­ти­ка за на­ве­де­на­та го­ди­на. Во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же­би, најб­ли­ска па­ра­ле­ла што мо­же да се пов­ле­че со тоа што се слу­чу­ва во Гр­ци­ја и во САД е го­диш­но­то обра­ќа­ње на пре­тсе­да­те­лот во де­кем­ври пред пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top