| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција уапсен Македонец, припадник на бандата „Пинк Пантер“

Уапсениот македонски државјанин во понеделникот во Авињон, е најверојатно припадник на групата „Пинк Пантер“, јавиjа француските медиуми, пренсува дописникот на МИА од Париз.

Уапсениот е 41 годишен маж со македонско државјанство и беше баран од француската полиција поради убиство и грабеж, направени во Македонија и Швајцарија.

Лицето е уапсено во една куќа во Бедриде во Воклуз. Неговиот идентитет не е соопштен, но француските медиуми јавуваат дека за него имало два меѓународни налози за апсење.

Криминалецот бил откриен со локализирање на неговиот мобилен телефон, откако неколку седмици го барала француската судска полиција.

Лицето претставено само со неговото име Зоран Т. располагал со повеќе идентитети, поранешен легионер и со претпоставка дека и припаѓа на бандата „Пинк Пантер“.

Налог за негово апсење имаа издадено Македонија и Швајцарија. Тој успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозанo во мај оваа година.

Има дебело криминално досие, како осуда за убиство во Македонија во 1993 година, каде е баран за издржување на казната, и очигледно тој се криел во Франција при судењето во негово отсуство. Тој тогаш успева да се во вклучи во Легијата на странци на француската армија под туѓ идентитет со српско државјанство неоткривајќи го своето минато.

По излегувањто од армијата направил провеќе грабежи во Швајцарија, а се занимавал и со трговија со дрога.

Јавното обвнитеслтво на Ним ќе треба да одлучи дали тој ќе биде екстрадиран и на која земја ќе и биде екстрадиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top