Македонската полиција, во рамки на продолжението на акцијата „Диригент“, во соработка со австриската и германската служба за борба против дрога, вчера изврши претреси кај 18 лица, од кои кривично се пријавени 16, а по 4 лица се уште се трага, беше кажано на вчерашната прес-конференција во МВР. Бандата контролирала дури 19 кварта или 90 отсто од Виена.
Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Оддел за борба против недозволена трговија со дрога при МВР во соработка со Германската и Австриската служба за борба против дрога, во периодот од септември до декември минатата година спровел заедничка меѓународна истрага со цел обезбедување на докази и лишување од слобода на лица припадници на организирани криминални групи од Македонија кои го снабдуваa нарко пазарот во Виена – Австрија со хероин, односно организирале транспорти на дрогата на релација Македонија – Австрија и организирале мрежа на улични препродавачи на дрога на нарко зависници на подрачјето на Виена.
Идентификувани биле се три криминални групи составени од државјани на Македонија и Србија при што за недозволена трговија со хероин на уапсени се 43-ина а запленети се околу 13,5 килограми хероин, околу 2 килограми кокаин и околу килограм марихуана.
За време на заедничката истрага во Австија уапсени се 18-мина и запленети се 10 килограми хероин и споменатите количини кокаин и марихуана. Дополнително, одземени се над 30.600 евра и 900 американски долари, а во Македонија уапсени се 9 и запленети се 3,5 килограми хероин. Заради обезбедување на дополнителни докази во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси кај 18 граѓани, од кои кривично се пријавени 16, а по четворица се уште се трага.
Во првата криминална група како организатор се јавува 23-годишник село Мојанци кој заедно со петмина други од Арачиново, од Ченто и село Черкези организирале транспорт на хероин во три наврати од Македонија за Австрија. Криминалната група најпрво набавувала одредена количина на дрога, а потоа ангажирала транспортери на истата кои со редовна автобуска линија Виена – Скопје ја пренесувале дрогата најчесто сокриена под влошките во чевлите.
Организаторот на првата група, ја координирал и втората, односно четирите лица од Арачиново. Тие во договор со соработник што престојувало во Виена организирале транспорт на еден килограм хероин заради понатамошна препродажба. За купување на дрогата во Македонија се префрлени 3000 евра преку брз трансфер на пари, а како примач на сретствата е наведен еден од осомничените. По добивањето на паричните средства тие го организирале транспортот, ангажирале транспортер, кој хероинот го пренел сокриен во ранец со дупло дно при што по неговото пристигнување во Виена од страна на австриската полиција пронајдени се и запленети нешто повеќе од еден килограм хероин.
При претрес во станот каде што престојувал примателот пронајдени се уште приближно четири килограми хероин. Во овој случај вкупно запленети се околу 5 килограми хероин, а уапсени се две лица во Виена.
Припадниците на третата група од кои петмина од Велес и еден од Неготино, во период од август до септември минатата година, се здружиле за организирање и вршење на продажби на хероин во Виена. За таа цел создале своја организација составена од македонски државјани – кои имале улога на транспортери и улични дилери. Тие од земјава издавале наредби и инструкции за препакување и продажба на хероин, како и за места, односно улици, автобуски станици во Виена на лицата македонски државјани претходно ангажирани од нивна страна. Со дејствијата кои што ги превземале во изминатиов период сториле кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. За улична продажба биле ангажирани три лица кои се уапсени во Виена за време на истрагата. Парите стекнати од продажбата на хероинот во Австрија во земјава од нивна страна биле трансферирани преку брз трансфер на пари на блиски роднини и пријатели со што сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Вчерашната координирана акција беше реализирана врз основа на претходно изготвен план, а во неа земаа учество 300 полициски службеници. При претресите беше пронајден и еден гасен пиштол, една паковка бела прашкаста материја, документација за трансфер на пари и слично.
Вчерашната реализација, беше кажано на прес-конференција е продолжение на оперативната обработка „Диригент“ која уште од 2010 година МВР ја реализира со австриските и германските служби. Полициската дирекција од Франкфурт, во текот на 2010 година во неколку одделни случаи заплени околу 30 килограми хероин, а Австриската околу 8 килограми, при што беа уапсени 14 македонски државјани членови, а во текот на истрагата биле обезбедени докази за трансферирани парични средства во вкупен износ од 265.000 евра и 1600 долари, кои од Германија и Австрија биле испраќани на повеќе членови на криминалата група во Р.Македонија .
Во декември 2010 година МВР спроведе акција во која беа одземени повеќе автомобили, дрога, а беа обезбедени и докази за незаконските трансфери на поголеми суми на пари. Во врска со операција „ДИРИГЕНТ“ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кривично беа пријавени 40 лица за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил