| четврток, 6 декември 2018 |

Локализиран пожарот над Марков манастир

kanader

Пожарот кој утрово повторно го зафати селото Осинчани во близина на Марков манастир е локализиран, но поради високите температури и релативно слабиот ветер, се уште постои опасност од негово активирање, се проценките на локалното население кое два дена се обидувало да го изгасне пожарот на потегот меѓу селата Осинчани и Малчиште.
Доколку авионите на Дирекцијата за заштита и спасување биле активирани порано, пламените јазици немало да зафатат повеќе од една четвртина од атарот на селото, се жалат Осинчанци, кои се убедени дека пожарот е подметнат.

Од Центарот за управување со кризи велат дека екипите се на терен, но патот до селото Малчиште е доста непристапен.Сепак канадерите засега ја завршија клучната работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top