| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во тајландскиот парламент

bankog

Во тајландскиот парламент денеска избила тепачка меѓу опозициските пратеници и полицијата за време на дебатата за контроверзните предлози за промена на уставот. Тупаниците почнале затоа што 57 члена на опозициската Демократска странка истовремено станале за да го изразат својот револт од променаа на уставот. Претседателот на парламентот побарал да се смират и да замолчат.

На телевизиските снимки се гледаат парламентарците опкружени од полицајци како разменуваат удари додека се движат кон излезот од собраниската сала.

– Мене ме зграпчија прв. Претседателот на парламентот му рече на полициското обезбедување да ги изнесе од сала оние кои стоја. Настана хаос – вели еден опозициски парламентарец.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top