Најмалку половина анастезиолози на скопската клиника за Анестезија, Реанимација, и Интензивно Лекување – КАРИЛ боледуваат од висок крвен притисок и имаат сериозни здравствени проблеми, објавува денеска порталот mkd.mk во информацијата добиена од неформална анкета направена со анестезилози од скопскиот клинички центар.
Според мкд.мк дури 80 отсто од анесетезиолозите секојдневно имаат главоболки и редовно користат аналгетици.
Анестезиолозите најмногу страдаат од висок крвен притисок и хроничен замор што е светски тренд поради тоа што оваа лекарска група се соочува со најсериозни предизвици од кои зависи животот на акутно болните пациенти. Поради секојдневниот стрес што го преживуваат дел од анестезиолозите имаат и зголемено ниво на шеќер во крвта.
Лекарите од КАРИЛ одбиваат јавно да говорат за своите проблеми кои се зголемија откако поради дефицитот на овие кадри на светско ниво голем број од нивните колеги заминаа во странство.
Во моментов на Клиниката за анестезиологија работат само дваесетина лекари специјалисти, додека нивниот број пред само неколку години изнесуваше околу педесетина. Најголем дел од нив ја напуштиле државната болница и заминале да работат во приватните лекарски установи за поголеми плати. Дел од овие специјалисти заминале во пензија, дел заминале во европските земји како во Словенија, Германија и Австрија, а неретко анестезиолозите заминуваат и во Дубаи, Арапските Емирати, Катар, па дури и во Авганистан, Ирак и Сомалија, каде што работат за хуманитарни организации или болници на војските на западни држави.
За разлика од пред десетина години кога анестезиолозите работеле во само една од операциони сали, сега се случува еден специјалист истовремено да мора во исто време да работи во неколку сали и на повеќе операции што е речиси неиздржливо и неизводливо.
И покрај тоа што тие формално штрајкуваа, сепак ги згрижија сите итни пациенти. Но, и покрај тоа, за последниот месец анестезиолозите за разлика од хирурзите добиле само 80 отсто од месечната плата, што дополнително ги демотивира да се посветат на барање работа во странство и на приватни клиники. Голем дел од нив учат странски јазици за да можат да ја напуштат работата во Македонија.
Инаку, македонските анестезиолози се најмалку платени, за разлика од анестезиолозите во земјите од регионот ја завршува анализата порталот мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите од КАРИЛ се бореле за животот на Никола, но, за жал, тој им подлегнал на повредите
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев


