| четврток, 6 декември 2018 |

Имењачка и го платила по грешка кредитот, банката сега ја моли да возврати на „љубезноста“

suzana miceva

 

Дописничката на Канал 5 од Струмица, Сузана Мицева денеска била пријатно изненадена кога сфатила дека некој пред неа и ја платил ратата за кредитната картичка. За кратко време Сузана дознала дека се случил превид, па наместо на друга личност со име Сузана Мицева, парите биле префрени на нејзина сметка.

Возбудата за ненадејната среќа кај Сузана и ја намалиле од банкарските службеници кои побарале од неа сега да и возврати на „љубезноста“ на другата Сузана Мицева па и таа да и плати една рата.

–          Така си живееме ние што си се викаме Сузана Мицева… на ти, дај ми, пишала Канал 5 на нејзиниот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top