| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој загина во пожарот во Колонија сам го запалил станот?

pozarnikari

Шеесет и шестгодишниот Богоје С., кој настрада во пожарот во скопската населба Колонија, сам го запалил станот, а потоа се скрил во кадата од тоалетот, покажуваат првите резултати од истрагата.

Според една верзија на очевдци, Богоје, кој имал психички проблеми и неколку пати се лекувал во здравствени установи, утрово во 7.45 часот се обидел да ја поведе во смрт и неговата сопруга, но таа успеала да избега. Други, пак, тврдат дека сопругата во тој момент заминала во продавница, а Богоје се заклучил во станот и го подметнал пожарот.

Сепак, конечната верзија на настанот ќе се знае по завршувањето на целосната истрага на надлежните органи.

Неговото безживотно тело било пронајдено во тоалетот и било утврдено дека починал од задушување.

Пожарот зафати уште четири стана и покривната конструкција, а благодарение на брзата интервениција на пожарникарите, спречена е поголема трагедија.

Градоначалникот на општина Гази Баба го посети место и вети финансиска помош за санација на зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top