Организаторите на питачките групи во Сараево заработуваат повеќе од 2.000 евра дневно. Според агенцијата „Фена“, организаторите имаат и до 40 деца во нивните „тимови“. Статистиката, пак, од друга страна, вели дека просечната месечна плата во Босна и Херцеговина изнесува 415 евра.
Водачите на организираните питачи во Сараево се невработени лица, кои немаат ниту еден ден работен стаж, а благодарение на добро развиена методологија за „бизнис“ се сопственици на скапи станови на атрактивни локации и возат автомобили вредни повеќе од 25.000 евра.
Од тимот за спречување на питањето, кое дејствува при Центарот за социјална работа, укажуваат дека пречката за решавање на овој проблем е тоа дека децата питачи се од другите градови, а за нив не важи законодавството кое се однесува на кривичните дела за питањето. Од тимот велат дека организаторите на питањата се запознаени со тоа и поради тоа носат деца од Србија и други кантони.
Досега не е покренат судски спор против организаторите за овој вид криминал. За ангажираните просјаци од оддалечените градови е обезбедено сместување и храна во Сараево, тоа е единствено кое го добиваат како надокнада за просењето.
Нивната работа се следи, а на секои 20 минути им се одземаат парите што ги заработуваат, изјави „Фена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.