| четврток, 6 декември 2018 |

Фустанот на Џенифер Лоренс се „скина“ пред цела јавност! (видео)

Актерката Џенифер Лоренс вечно ќе го памети синоќешното доделување на наградите „Гилд“ оти успеа да предизвика визуелна излузија кај публиката дека божем фустанот и се скина

1lorens

Таа ја доби наградата за најдобра актерка, а кога одеше кон сцената за истата да и биде врачена и се случи голема катастрофа.

Имено, нејзиниот фустан, креација на Диор, се поткачи на едно столче и се скина на половина.

Искусната актерка брзо успеа да ја поправи оваа грешка и насмеана отиде да си ја прими наградата.

Но, дали е токму така како што информираат странските медиуми?

Ако се погледне добро видеото од настанот, ќе се забележи дека не се работи за кинење на фустанот туку за одлична креација на Диор, да предизвика визуелна илузија дека фустанот се скинал.

lorens

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top