| четврток, 6 декември 2018 |

Изедбеговиќ: Босна е стара 800 години

bakir izedbegovich

По повод претстојниот попис на населението во Босна и Херцеговина, еден од членовите на претседателството Бакир Изедбеговиќ го одржа својот историски говор на манифестацијата „Одбрана БиХ – Игман 2013“.

„Се наближува пописот на населението, со него ќе биде ставен печат на она што е направено во Босна и Хецеговина и од страната која напаѓаше и од страната која ја бранеше оваа земја. Нашето име е старо 800 години, од Византија, преку Турција, Ватикан, Австрија со тоа име се викаме. Треба да бидеме горди на тоа име, треба да го сочуваме и да го задржиме. Да ги оставиме останатите да бидат она што се, а ние гордо да бидеме она што сме, ние сме Бошњаци!“, рече претседателот Изетбеговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top