На последниот ден од Светското првенство во атлетика, кое се одржува во Москва, атлетичарите на Јамајка победија во штафетните трки 4 пати по 100 метри во машка и во женска конкуренција.
Воопшто не беше доведено во прашање победникот на трките бидејќи во последната измена во женска конкуренција најголемите конкурентки на Јамајканките , американските спринтерки, направија греша при предавањето на палката и многу ја забавија својата трка. За Јамајка во последната измена трчаше светската шампионка во поединечна конкуренција Шели ен Фрејзер Прајс. Тие успеаја да го соборат рекордот на светските првенства со резултат 41 секунда и 29 стотинки.
Сребрениот медал оди во рацете на Франција, а бронзата е за САД.
Во машка конкуренција, светскиот првак и рекордер на 100 метри, Јусеин Болт, трчаше во последната измена за својата репрезентација и без проблеми дотрча до првото место. Исто како и во женска конкуренција, и машката штафетна селекција на САД направи грешка при предавањето на палката во четвратата измена и влезе во стазата на Јамајка, што значи автоматска дискалификација.
Сепак, среброто го освоија атлетичарите на САД, а до третото место дотрча репрезентацијата на Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.