Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во неделата оцени дека засега нема потреба од ребаланс на буџетот и информираше дека е фокусиран на креирање на буџетот за наредната година.
„Засега нема потреба од ребаланс бидејќи реализацијата на буџетот е во рамките на очекувањата“, изјави Ставрески, додавајќи дека ќе се почека да помине август, по што ќе се донесе евентуална одлука
„По истекот на месецот ќе се види дали ќе има потреба од какви било корекции. Ќе почекаме да видиме како ќе помине август и тогаш ќе видиме дали има потреба од какви било корекции. Но, она што е најзначајно е дека во целина реализацијата на буџетот и на приходите е во рамки на планираното, рече Ставрески
Тој информираше дела ресорното министерство е фокусиран заедно со другите министерства на изработката на буџетот за 2014 година.
„Веќе ги почнавме подготовките и разговорите со министерствата. Во исто време ќе се работи и на среднорочната рамка односно на индикативните буџети за 2015 и 2016 година“, изјави Ставрески.
Според него, завршувањето на долготрајната рецесија во еврозоната е позитивен сигнал, но и владата и стопанството треба да останат активни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот
-
Тевдоски до вчера тврдеше нема потреба од ребаланс, а сега кога ја прекрои буџетската каса вели дека и без тоа пари за избори има
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата шверцерски на полноќ донесе ребаланс на буџетот