| четврток, 6 декември 2018 |

ГТЦ заработува колку семкарница

gtc skopje

Најстариот трговски центар во земјава минатата година прикажал профит од само 13.000 евра, пишува Вест.

ГТЦ, кој е во државна сопственост и се занимава со издавање де­ло­вен простор во закуп, во 2012 го­ди­на заработил вкуп­но 13.194 евра, покажале ревидираните финансиски извештаи објавени од ком­па­ни­ја­та.

Вест објавува дека директорот на ГТЦ Аго Абазовски вчера не бил достапен да одговори на што се должи малата заработка во текот на минатата година. Вчера на Македонската берза, Собранието на акционери ја објави одлуката со која ја одобрил ревидираната годишна сметка за 2012 година дека добивката по оданочување изнесува 811.462 денари или 13.194 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top