Ѓорге Војновиќ, Ѓорги Књазев, Милан Сотировски, Душан Боцевски, Игор Михајловски, Николче Петрушев, Петар Наумовски, Јорданчо Давитков, Дејан Јовановски, Перо Настев, Перо Блажевски и Милан Медиќ се македонските кошаркари биле дел од првиот репрезентативен состав.
-Возбудата беше дека конечно имаме репрезентација, една од првите репрезентации во независна Македонија. Сѐ се случи некако брзо, немавме време добро да се подготвиме и заминавме не доволно подготвени, но не сакавме да ја испуштиме шансата да играме во предквалификационен турнир. Тоа беа првите чекори на нашиот состав. Првите чекори на патеката по која се движеше нашата селекција за да стигне до онаму каде што стигна. Задоволство е да се биде претходница на денешните суперѕвезди како што се Перо Антиќ, Тодор Гечевски и останатите момци од нашиот најдбар состав – вели Ѓорѓе Војновиќ.
Првиот меч го одиграле пред 20 години, во мај 1993 година против селекцијата на Естонија во рамките на предквалификациите за европското првенство кои се0 оддржаа од 30 мај до први јуни во Вроцлав во 1993 година. Тој меч завршил со резултат 74-60 во корист на Естонија.
Потоа следуваат порази и од Романија и од Хрватска, со што нашиот состав завршува последен во групата.
Селектор на составот е Александар Књазев, помошник Благој Пецалов.
Првиот поголем успех нашиот состав го има во 1999 година пласирајќи се на завршницата на ЕП во Франција. Сепак на крајот завршуваме на 14.место. Во Полска 2009 година македонскиот состав се пласирас на 9. место, а најдобриот резултат е остварен 2011 во Литванија, кога се пласиравме на 4. место.
Видео од Полска 2009
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.