Среброто го освои Мутаз Ерса Баршим од Катар со скок од 2,38 метри, а канадскиот атлетичар имаше прескокнато иста височна (2,38), но послаба серија.
Атлетичарот од Тринидад и Тобаго, Џеуе Гордон, во фотофинишот истрча до златниот медал на 400 метри со пречки со резултат 47,69 секунди (најдобро време сезонава). Тој имаше само за една стотинка подобро време од Мајкл Тинсли од САД. Емир Бекриќ од Србија ги изненади сите останати со бронзениот медал.
Еден од малкутемина што успеаја да го одбранат златото од Даегу е Езекиел Кембои од Кенија, кој триумфираше на 3.000 метри стиплчез. Второто место му припадна на Консеслус Кипрото од Кенија, а трет стигна на целта Махидине Мехиси-Бенабад од Франција.
Абеба Арагави од Шведска триумфираше во трката на 1.500 метри откако во финишот успеа да ја совлада досегашната светска шампионка, Американката Џенифер Симпсон. Шведската атлетичарка имаше време 4:02.67, а Американката имаше заостанување од 32 стотинки. Бронзата ѝ припадна на Хелен Онсандо Обири од Кенија.
Радоста на домаќините во женскиот трискок ја спречи Катерина Ибаргуен од Колумбија, која имаше скок со должина од 14,85 метри, што е и најдолг трискок оваа сезона. Втора должина оствари Русинката Екатерина Конева – 14,81, а третопласирана заврши Олга Саладуга од Украина, која беше светска шампионка во Даегу пред две години.
Најголемото изненадување се случи на трката од 400 метри со пречки кај жените, каде што златниот медал го освои Сузана Хејнова од Чешка со време 52,83 секунди (најдобро време сезонава), пред двете Американки Далила Мухамад и Лашинда Демус, досегашната шампионка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.