Египетските власти го критикуваа американскиот претседател Барак Обама кој остро го осуди насилството во оваа северноафриканска земја, затоа што со неговите изјави ги охрабрувал „насилните групи“.
– Се плашиме дека таквите изјави, кои не се темелат на факти, можат да охрабрат насилни вооружени групи, се наведува во соопштението на египетскиот претседател и се додава дека земјата се соочува со терористички акти чии цели се институциите на владата.
Обама вчера најостро ги осуди насилствата над граѓаните на Египет и ја откажа заедничката воена вежба. Во крвата акција на безбедносните сили против приврзанците на соборениот претседател Мохамед Морси беа убиени 638 луѓе, меѓу кои 43 полицајци и 4 новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


