Билансот на загинатите во вчерашните судири во Египет достигна 525 лица, изјави портпаролот на египетското Министерство за здравство, Халед ал Хатиб.
Бројот на ранетите лица исто така се зголеми и достигна 3.717 лица, додаде Хатиб.
Движењето „Муслиманско братство“ ги повика денеска своите приврзаници да излезат на нови протести во Каиро. Египетските власти им предадоа на воените обвинители 84 лица од градот Суец, меѓу кои и членови и поддржувачи на „Муслиманско братство“, под обвинение за убиства и опожарување на цркви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.