| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се прска против комарци во населба Илинден

komarec

Општина Илинден ги известува граѓаните дека утре со почеток во 22 часот ќе се изврши прскање против комарци на подрачјето на општината.

Акцијата ќе ја извршат екипите на Центарот за јавно здравје во согласност со програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци, а ќе опфати површина од 200 хектари. Теристричното прскање против комарци ќе се спроведува со апаратура за УЛВ ладно запрашување од специјално возило, соопшти Општината.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши следниот ден, во истиот термин, кога временските условите ќе бидат поволни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top