Во соработка на неколку невладини организации се подготвува првата Геј Парада во Скопје. Според информациите што се лиферуваат преку социјалните мрежи на профили кои промовираат хомосексуалност и други маргинални групи, „Парадата на гордоста“ ќе се одржи во организација на две ЛГБТ организации, две асоцијации за правата на жените и други организации на човекови права.
Настанот што веќе предизвика реакции на социјалните мрежи треба да се одржи на 22 Јуни во центарот на Скопје.
Ова е прва иницјатива за организирање на Геј Парада воМакедонија , се случува десетина месеци откако поради сериозни најави за насилство и контра протести беше откажана парадата во Белград.
Интересно е што парадата е закажана само неколку дена пред самитот на ЕУ на која треба да се одлучува дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговори за членство во Унијата.
Евентуалните инциденти и повторување на насилството што беше видено во Белград и во Сплит на слични настани може негативно да влијае на оценката на ЕК на состојбите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


