Традиционалниот избор на најдобрите спортисти на Македонија за минатата година ќе се одржи вечерва во големата сала на Македонската опера и балет. Организаторот Сојузот на спортските федерации на Македонија и покровителот Агенцијата за млади и спорт по 57. пат ќе ги доделат признанијата за личностите и екипите кои на спортски план ја одбележале предходната година. Во минатите десетина дена организаторот спроведе гласање во кое учествуваа сите федерации и медиуми. По завршување на истото, денеска напладне, резултатите ќе бидат сумирани, а вечерва ќе бидат објавени лауреатите за 2012.година.
Свеченоста во МОБ започнува во 20.30, а ќе и предходи доделување на стипендии на младите таленти за кои нивните асоцијации и АМС се изразиле позитивно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон


